105
Во вчерашниот натпревар помеѓу Баерн Минхен и Баер Леверкузен во кој немаше победник и заврши 1:1 се повреди Хари Кејн.
Англискиот напаѓач беше заменет во второто полувреме поради болки во зглобот.
Повредата на Кејн ја потврди и Баерн денеска преку соопштение.
„Кејн заработи удар во неговиот зглоб вчера. Тестовите покажаа позитивен развој. Ќе продолжи да добива третман“, стои во соопштението од Баерн.
Екипата на Баерн во среда ја очекува натпревар против Астон Вила во Лигата на шампионите.