Баерн Минхен и Винсент Компани се договорија, Белгиецот ќе биде новиот тренер на Баварците, останува уште да се прецизира обештетувањето кое ќе треба да му биде исплатено на Барнли.
Откако повеќе тренери го одбија Баерн Минхен, Баварците се решија за Компани. Ваквиот потег изненади многумина бидејќи тој испадна со Барнли од Премиерлигата.
Баерн Минхен на располагање имаше и тренери како Антонио Конте, Жозе Мурињо, Масимо Алегри, но наместо за искусно име се решија за Компани.
Причината поради која ја донеле оваа одлука е дека сметаат дека Висент Компани има голем потенцијал да стане топ тренер, му веруваат на неговите идеи и визија.
Разговорите меѓу двете страни поминале одлично и тој ги убедил дека е вистинското решение.
Сега се водат преговори меѓу Баерн Минхен и Барнли кои се очекува да завршат успешно по што трансферот ќе биде комплетиран.