Пристигна во Бундеслигата пред еден месец, а сега заврши во – затвор!

by Стефан
1 минути читање

Јапонецот Каишу Сано кој пристигна во Мајнц пред неколку дена е еден од уапсените по пријава за силување, објави јапонската полиција.

Сано заедно со уште две лица е осомничен за силување на 30-годишна жена во графот Јушима. Сите тројца завршиле во затвор, а се огласија и од Мајнц.

„Клубот е изненаден од информациите на јапонските медиуми за приведувањето на Сано. Во овој момент нема да ги коментираме извештаите поради недостигот на информации. Се надеваме работата ќе биде расчистена колку што е можно побрзо“, соопштија од Мајнц.

Сано е фудбалер кој има 23 години и игра во средниот ред, а во Мајнц пристигна од Кашима за која настапи на 47 натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани