Фудбалскиот клуб Марсеј објави дека продал најмногу сезонски влезници во историјата и тоа во сезона која не игра во Европа.
Единствениот француски клуб кој ја освоил Лигата на шампионите објави дека продал 49.000 билети и такво нешто претходно никогаш не се слуќило.
„Оваа сезона во која клубот ќе го прослави 125. роденден ќе имаме 49.000 фанови кои ќе доаѓаат на секој состанок во „сино-белиот вулкан“ да не поддржат, охрабрат и вибрираат во ритамот на натпреварот кој го играат избраниците на Роберто Де Зерби. Никогаш во историјата Олимпик немал толку сезонски билети. Токму затоа преку оваа објава сакаме да се заблагодариме“, истакнаа од францускиот гигант
Марсеј беше шампион на Европа во 1993 година и во Франција е трет по бројот на шампионски титули во првенството. Имаат девет, една помалку од Сент Етјен и три од ПСЖ.
Минатата сезона ја завршија на осмото место и нема да играат во европските натпреварувања.