Претседателот на Шкупи Олгун Ајдин се обрати на јавноста преку соопштение на клупскиот веб-сајт.
Како што беше највено по дербито со Вардар и спорниот гол на Дарко Мицевски чаирчани имаа реакции. Прво пред мечот се жалеа за доделениот судија Стојчевски, а потоа посочија дека биле во право и се оштетени.
Сега првиот човек на клубот се закани со повлекување од лигата или што и да значеше дека тој и Шкупи повеќе не постојат во ПМФЛ.
- Целосното соопштение на претседателот на Шкупи:
“По вчерашниот срам, за жал уште еднаш видовме дека фудбалот се изневерува и дека политиката влегува во фудбалот.
Судијата „убиец“ на нашиот тим, кој не ни суди веќе година и пол, повторно се појавува на сцената да ја дели правдата на натпреварот против големиот ривал, Вардар.
Ние како клуб излеговме со предупредување за такво нешто и отворено и се спротивставивме на истото, искажувајќи ги проблемите што ги имавме со овој судија.
Но, истиот веќе беше назначен од надвор, па така нашите приговори околу неговото делегирање воопшто не беа земени предвид.
За срамот да биде уште поголем, тие што бесрамно го организираа целото ова валкано сценарио, тие што предизвикаа овој судија да биде назначен од надвор, тие што го назначија судијата, по крајот на натпреварот му се јавуваат и му честитаат за успешно завршената работа.
Овој срам, овие валкани игри веќе ги поминаа сите граници, па затоа ве известуваме дека повеќе нема да бидеме дел од оваа валкана игра.
Во оваа прилика сакаме да ги информираме сите, дека јас и фудбалскиот клуб Шкупи повеќе не постоиме во оваа лига. Ние веќе нема да бидеме дел од оваа валкана игра, во оваа купопродажба и дека нема да го дишеме истиот воздух како овие продадените.
Впрочем, во текот на натпреварот му се јавив на менаџерот на тимот, Емир Шабани и му реков во текот на првото полувреме: „Тргнете го тимот од теренот, нивната игра е јасна, непочитувањето е јасно “.
Сепак, Емир во тој момент помисли дека не е во ред тимот да се повлече.
„Помислив дека ако се случеше нешто друго, ќе го повлечевме тимот во вториот дел. Но, веќе беше доцна. Како што рековме, не можеме повеќе да го толерираме овој срам, оваа купопродажба“.
„Ќе зборувам уште подетално на оваа тема, кој е вклучен во целата оваа валкана игра, кој се што направил. Дали државата ќе го земе тоа предвид или не, не знам, но се надевам дека ќе се земе предвид тоа што ќе го кажам. Веќе имаме нова влада, нов премиер, има нова надеж во Македонија. Се надевам дека ќе се земе предвид тоа што го кажав, можеби на овој начин ќе придонесеме да се создаде водич за фудбалот во оваа земја.
„Им благодарам на сите, особено на оние кои беа со нас, но како што стојат работите, изгледа никој не беше со нас, сите се правеа дека се со нас, но во исто време ни работеа зад грб.”
Емир Шабани е со нас 7 години, многу му се заблагодарувам.
„Им благодарам многу и на моите вработени, тие се најголемите работници во Скопје.
„Го сакаме Шкупи, ќе направиме се за него“, многу пати сме го слушале овој збор, но за жал секој на прво место ги става сопствените лични интереси.
„Се надевам дека иднината ќе биде добра за Македонија. По неколку дена се надевам дека лично ќе излезам со уште една подетална изјава, каде ќе објаснам кој се договорил со овој судија, кој е вклучен во сите овие работи, што се случува со фудбалот во Македонија. Фудбалот мора да го управуваат оние луѓе кои доаѓаат од фудбалот, со него мора да управуваат фер и чесни луѓе. Фудбалот треба да го управуваат луѓе кои играле фудбал. Луѓето не треба да се номинираат затоа што се пријатели на една личност или пак партнери на друга личност. Се надевам дека тоа што ќе го кажам ќе се земе предвид, ако не, ништо повеќе не можам да направам“.