Претседателот на турски клуб кој тепаше судија доби затворска казна

by 24 фудбал
1 минути читање

Поранешниот претседател на турскиот фудбалски клуб Анкарагуџу, Фарук Коџа е осуден на затворска казна поради нападот врз судијата Халил Умут Мелер.

Се работи за ситуацијата од натпреварот во Суперлигата меѓу Анкарагуџу и Ризеспор кога Коџа го удри судијата со тупаница во глава по последниот судиски свиреж. Тогаш имаше и влетување на навивачи кои го дотепаа судијата Мелер додека беше на земја, а поради тоа имаше прекин во првенството на две седмици.

Сега судот му ја одреди казната на поранешниот претседател на Анкарагуџу. Коџа е осуден на три години и седум месеци затворска казна поради физички напад врз судијата.

Клубот Анкарагуџу своевремено беше казнет со два милиони турски лири (околу 53.000 евра) и пет натпревари пред празни трибини.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани