Со денешниот ден истече клазулата во договорот на Дани Олмо со Лајпциг според која тој можеше да го напушти тимот во случај на понуда од 60 милиони евра.
Но, поради пресврт по разговорите со клубот и агентот на Олмо, тој и уште некое време ќе биде достапен по таа цена.
Овој пресврт го потврди и Фабрицио Романо, најголемиот експерт за трансферите помеѓу фудбалерите. Тој објави дека во следните недели и понатаму ќе биде доволен износот од околу 60 милиони евра за германскиот клуб да го пушти да замине.
Романо тврди дека застапниците на Олмо веќе разговарале со Барселона, Баерн и неколку клубови од англиската Премиер лига, но не и со Манчестер Сити кој исто така се поврзуваше во медиумите.
Наводно Барселона веќе ја испратила понудата според која на Олмо му е понуден договор на шест сезони во кој во првите две години би заработувал нешто помалку, а потоа би добил зголемување на платата.
Во својата објава Романо кратко и порачува „трката е отворена“, па така ќе видиме што ќе се случува во наредниот период.