Премиер лигата не простува: Нуно Еспирито Санто суспендиран на три натпревари, ќе плати и 55.000 фунти

by Стефан
1 минути читање

Tренерот на Нотингем Форест, Нуно Еспирито Санто доби суспензија од три натпревари за исклучувањето кое го заработи против Брајтон.

Нотингем во натпреварот одигран минатиот месец и кој беше исполнет со тензија одигра 2:2, а тренерот на „шумарите“ беше исклучен во завршницата од натпреварот.

Покрај суспензијата Нуно беше казнет и со парична казна од 55.000 фунти. Од Фудбалскиот сојуз на Англија објавија дека Нуно се однесувал недолично и го навредувал судијата.

Парична казна заработи и неговиот колега на спротивната страна Фабијан Герцелер кој исто така доби црвен картон. Тој ќе треба да плати казна од 8.000 фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани