272
Фудбалерите на Португалија со обезбедено прво место во групата Ф ќе се судрат со Грузија која во моментов е последнопласирана.
Интересна приказна се појави на Твитер, а поврзана со Кристијано Роналдо. Пред 11 години, во 2013 португалската ѕвезда која тогаш играше за Реал Мадрид беше гостин на академијата на Динамо Тбилиси во Грузија. Среќните дечиња се фотографираа со Роналдо, а еден од оние кои беа најблизу до него беше Квича Кварацкелија.
Освен Квича, во моментов во репрезентацијата има уште 10 играчи кои тогаш како млади момчиња се сретнаа со ѕвездата.
Сега, 11 години подоцна тие момчиња ќе играат против Кристијано Роналдо на првото Европско првенство за својата нација во историјата.