Германските медиуми откриваат како пред две години Баерн Минхен имал шанса да го купи Флоријан Вирц, но Ули Хенес се решил за друг фудбалер и погрешил.
Флоријан Вирц беше главниот играч на Баер Леверкузен во шампионската сезона, тој е најголемата надеж на германскиот фудбал во овој момент.
Во летото 2022 година, Јулијан Нагелсман, Хасан Салихамиџиќ и Марко Непе отишле кај Ули Хенес со идеја да се купи Флоријан Вирц додека тој се уште се опоравувал од повреда на лигаментите на коленото.
Планот на тројцата бил Вирц да биде главен играч на Баерн Минхен во иднина и да дефинира една ера заедно со Јамал Мусиала.
Тие сакале да го купат додека бил повреден со цел да го платат испод вредноста. Но, им било потребно одобрување од супервизорскиот борд. Ули Хенес рекол „не“ на овој план.
Хенес гласал за купување на Лукас Ернандез за 80 милиони евра додека тој се опоравувал од сериозна повреда на коленото и кој имаше многу проблеми со повреди потоа.
Доколку Хенес го прифател планот на Нагелсман, Салихамиџиќ и Непе, Баерн Минхен веројатно немаше да ја загуби титулата минатата сезона, а ќе го имаше и најперспективниот германски фудбалер.
Сега се шпекулира дека Вирц ќе остане во Леверкузен уште една сезона, а потоа ќе замине во Реал Мадрид.