207
На само неколку дена пред финалето во Лигата на шампионите на социјалните мрежи се појавија изненадувачки фотографии од фудбалерот на Борусија Дортмунд, Никлас Суле.
Суле на фотографиите воопшто не изгледаше како професионален фудбалер бидејќи вишокот килограми беше очигледен.
Токму поради таквата форма не доби повик и од селекторот на Германија Јулијан Нагелсман на Европското првенство. Но, денес ситуацијата со формата на Суле е поинаква.
Фудбалерот во изминатите два месеци ангажираше личен нутриционист кој му помогнал со правилна исхрана да намали околу десетина килограми.
Како што може да се забележи на фотографиите, Суле сега е во добра натпреварувачка форма.