Преговорите меѓу Жирона и Абердин за Бојан Миовски траат, шпанскиот клуб наскоро треба да достави нова понуда за македонскиот напаѓач.
Првата понуда на Жирона до Абердин за Миовски била нешто над 4 милиони фунти, за шкотскиот клуб тоа е недоволно, па предлогот бил одбиен.
Преговорите продолжуваат, Жирона наскоро ќе достави нова понуда со надеж дека ќе помине.
Абердин сака поголема сума, но се разговара и за разни бонуси кои треба да бидат вклучени во договорот како и процент од следната продажба.
Во меѓувреме тренерот на Абердин, Џими Телин вели дека Миовски се однесува максимално професионално и покрај интересот за него.
„Пред се тој е човек и за него во моментов има многу гласини, но Бојан се однесува навистина професионално. Тој е позитивно расположен, се шегува со сите и комплетно е фокусиран на тренинзите. Начинот на кој се подготвува е перфектен без разлика на ситуацијата, тој е комплетно фокусиран на Абердин“, вели тренерот Џими Телин.