Eден од фудбалерите кои привлекоа внимание на Европското првенство беше младиот фудбалер на Пари Сен Жермен, Чави Симонс.
Неколку клубови беа во игра за доведување на Холанѓанецот, а како што стојат работите еден од тие клубови се активирал и тргнал во реализација на трансферот.
Француските медиуми тврдат дека во Баерн одлучиле во наредните денови да го завршат трансферот на Симонс. Минатата сезона за Баерн беше големо разочарување, па затоа сега тргнаа во целосна реконструкција на екипата.
Веќе пристигнаа Микел Олисе и Жоао Палиња, но тука нема да биде крајот на засилувањата. Во Баерн Симонс го гледаат како одлично засилување и најавите се дека преговорите одат во добра насока.
„Баерн е главен кандидат да го доведе Симонс на позајмица“, пренесуваат медиумите.
Конкурент на баварците е Лајпциг кој исто така сака да го доведе на позајмица со право на откуп. Одредени медиуми пренесуваат дека Баерн понудил 90 милиони евра по истекот на позајмицата.