На македонските фудбалски терени денеска се играа натпревари од Втората лига во кои не видовме некои поголеми изненадувања.
Првите два тима на табелата, Македонија Ѓорче Петров и Брегалница славеа победи, па така „лавовите“ останаа на врвот. Како изненадување може да се смета ремито на Арсими со Скопје по кое домаќините го изгубија третото место каде што сега е Башкими кој денес беше подобар од Саса.