65
На македонските фудбалски терени денеска се играа натпревари од 14. коло кое помина во знакот на победата на Вардар над Шкупи на Арената „Тодор Проески“ од 3:2.
Најефикасен беше натпреварот во Тетово каде што Шкендија ја совлада Брера со 4-3 во вистинска голеада. Шампионот Струга му го нанесе првиот сезонски пораз на Работнички (1-0). Човек на одлука беше Ланре Кехинде во првиот дел. Силекс минимално го совлада битолски Пелистер со голот на Дарко Додев (1-0), Гостивар беше убедлив против Воска Спорт (4-0), а Тиквеш и Беса одиграа без голови (0-0).
ТАБЕЛА: (27), Гостивар (27), Силекс (27), Работнички (25), Струга (25), Шкупи (16), Пелистер (16), Брера (15), Беса (13), Воска (11), Вардар (11), Тиквеш (10).