Денеска се играа натпревари од 10. коло во Првата македонска фудбалска лига во кои не видовме премногу голови, а најмногу беа постигнати во Струга каде што шампионот претрпе убедлив пораз.
Сите голови беа постигнати во второто полувреме. Стрелци за гостите од Кратово беа Алич, Оусман, Игнатов и Ѓоргиевски, додека единствениот гол за домаќините го постигна Радиќ.