Пред пет години Шпанската фудбалска асоцијација отвори постапка против Хуго Мало поради сексуално злоставување на маскотата во натпреварот помеѓу Еспањол и Селта во рамките од Ла Лига.
Од федерацијата фудбалерот доби суспензија, но случајот се префрли и во надлежниот Кривичен суд во Барселона.
Денеска од таму пристигнува шокантна одлука. Хуго Мало е прогласен за виновен за сексуална злоупотреба со тоа што го допирал лицето кое работело како маскота. Судијата му изрече парична казна од 1.000 евра која ќе мора да ја плати маскотата.
Освен тоа фудбалерот кој денес игра во грчки Арис ќе мора да плаќа десет евра дневно за неговата условна казна во следните 20 месеци, но трошоците околу судењето во износ од околу 7.000 евра.