Првиот човек на фудбалот во Русија го најави кам-бекот во натпреварувањата на УЕФА!

by 24 фудбал
1 минути читање

Претседателот на Фудбалската федерација на Русија, Александар Дјуков зборуваше дека има преговори со УЕФА за враќање на Русите во европските натпреварувања.

Од 2022 година, од стартот на воениот конфликт меѓу Русија и Украина клубовите и репрезентациите од оваа земја беа исфрлени од сите натпреварувања.

Според зборовите на Дјуков, во тек се преговори за враќањето на руските екипи и репрезентации во натпреварувањата на УЕФА.

Европската сезона ќе продолжи оваа есен, а во моментов имаме состаноци на кои може да се донесат одлуки за враќање на нашата земја во европските фудбалски натпреварувања. Сметам дека тоа ќе се случи порано или подоцна зашто се менуваат ставовите на другите федерации“, изјави Дјуков.

Исфрлањето од Европа го запре подемот на рускиот фудбал. Доста клубови од оваа земја беа во налет, а во лигата настапуваа и завиден број европски ѕвезди.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани