179
Фудбалерот на Јувентус, Кенан Јилдиз е стрелец на првиот гол во новата сезона од Лигата на шампионите која се игра и во нов формат.
Се играше 20-тата минута кога турскиот фудбалер со одличен шут ја погоди мрежата на холандскиот тим. Топката од стативата заврши зад грбот на немоќниот Дромел.