158
Во српскиот табор падна и првата оставка по неуспехот на репрезентацијата на Европското првенство.
Медиумите во Србија објавија дека оставка поднел потпретседателот на Фудбалскиот сојуз Бранислав Недимовиќ.
Недимовиќ од позицијата заминува поради слабите резултати на првенствот од кое јавноста очекуваше пласман во следната фаза. Србија во конкуренција со Данска, Словенија и Англија освои само два бода и заврши како последна.
Позицијата потпретседател Недимовиќ ја извршуваше од 2023 година кога беше избран на првата седница на Извршниот одбор во ерата на Драган Џајиќ.
Неговото заминување веројатно е само почеток на промените кои се најавуваат.