Првата ѕвезда на Милан се враќа во стратниот тим за мечот со Реал

by 24 фудбал
1 минути читање

Тренерот на Милан, Пауло Фонсека потврди дека Рафаел Леао ќе биде стартер на дуелот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

На три последователни натпревари Леао беше резерва и не ги почнуваше натпреварите од Серија А за „росонерите“. Сепак, сега е време да се врати во стартниот состав, веројатно бидејќи тој е најопасното оружје во арсеналот на Фонсека.

Леао ќе биде стартер во Мадрид. Очекуваме да направи сè што може. Важен е за мене и тимот, па нормално е толку да се зборува за него. Сепак, морам да ги следам своите верувања“, изјави Фонсека.

Причината поради која Леао беше оставан на клупата веројатно беше неговата лежерност и незалагање кога е на теренот.

Досега сезонава португалското крило постигна еден гол и подели четири асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани