176
Новото правило според кое само на капитените им е дозволено да зборуваат со судиите, ќе биде воведено и во Бундеслигата од стартот на новата сезона.
Пред почетокот на Европското првенство беше донесено правило според кое само капитените ќе можат да зборуваат со судиите и да реагираат на одредени одлуки. Доколку капитенот е голман, клубот одредува друг фудбалер кој ќе може да комуницира со судиите.
Доколку фудбалер кој не е капитен се жали на одредена одлука влегувајќи во комуникација со судиите, може да заработи лесен жолт картон.
„Билд“ објавува дека паднал договор во Бундеслигата да го воведат ова правило од почетокот на новата сезона.