154
Екипата на Лајпциг стави крај на магичната серија од 15 месеци и 35 месеци непобедливост на Баер Леверкузен.
Во денешниот натпревар од Бундеслигата Лајпциг славеше победа од 3:2 и тоа со голем пресврт откако губеа со 2:0.
Домаќините во водство ги доведоа Фримпонг и Гримладо, имаа прилики и за трет гол, а кога не ги искористија шансите стигна казната. Се играше седмата минута од судиското продолжение кога Кампл намали на 1-2, за потоа Опенда да постигне два гола во вториот дел за комплетен пресврт.
За Баер ова беше прв пораз по 462 дена, односн оод 27 мај 2023 година.