118
Андреа Пирло веќе не е тренер на Сампдорија, клубот му даде отказ по очајниот старт на сезоната.
Сампдорија цели кон враќање во Серија А, но во првите три кола од новата сезона освои само бод. Клубот од Џенова има два порази и едно реми, па раководството брзо реагираше.
Андреа Пирло доби отказ, а неговото место ќе го преземе Андреа Сотил.