По примерот на Американците: Германците започнуваат револуција во европскиот фудбал

by Стефан
0 минути читање

Tренерот на германскиот третолигаш Викторија Келн ќе стане првиот тренер кој во професионалниот фудбал ќе носи микрофон на официјален натпревар, објави „Дојче Телеком“.

Јансен со микрофон ќе го води својот тим во натпреварот против Оснабрук кој ќе се одигра на 8 декември.

Ваквата пракса тренерите или фудбалерите да бидат озвучени е честа појава во американските спортови, но Јансен ќе стане прв таков случај во фудбалот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани