188
Фабрицио Романо денеска објави дека Барселона му дозволила на Илкај Гундоган да го напушти клубот без оштета.
Гундоган во Каталонија пристигна пред само една година од Манчестер Сити со кого тогаш не го продолжи договорот.
Иако има 33 години тој се уште игра на високо ниво, а веднаш по најавата дека ќе ја напушти Барселона се појави информација дека започнал преговори за враќање во Сити.
Неговата ситуација ја проследи и остави свој коментар Тони Крос. Под објавата на Фабрицио Романо Крос искоментира „WOW“ со емонтикони на мајмун кој ги прекрива очите. Неговиот коментар многу брзо собра илјадници лајкови.