100
Италијанецот Сандро Тонали одново ќе може да игра професионално фудбал откако му истече суспензијата за нелегално обложување.
Тонали беше суспендиран на десет месеци, а од викендов се враќа на терените. Италијанецот пред надлежните органи ја призна вината и одеше на лекување.
По посетата на рехабилитацијата Тонали одново ќе биде спремен да му помогне на Њукасл кој за него минатото лето му плати на Милан оштета од 70 милиони евра.
Њукасл викендов во недела од 14:30 часот ќе игра против Тотнем и Тонали ќе има право за настап во овој дуел.