На 70-годишна возраст вчера почина славниот германски фудбалски тренер, Криштоф Даум.
Тој веќе неколку години се борел со ракот, а се дознава дека починал опкружен со најблиското семејство. Тешката болест му беше дијагностицирана пред крајот на 2022 година, кога извесен период се повлече од јавниот живот, но потоа го промени својот наратив и се обиде да ги мотивира другите кои минуваат низ слични проблеми.
Неговиот живот беше полн со подеми и падови. Во 1992 година стана германски шампион со Штутгарт, за малку да избегне да биде испратен во затвор во следната деценија. Во 2000 година беше обвинет за учество во оргии и употреба на кокаин, што го негираше, па дури и им се закануваше на новинарите, но подоцна ја призна вината. Затоа, сепак, не ја доби функцијата селектор на Германија, која беше подготвена за него.
Последиците од оваа афера беа доста големи и на Даум му беше многу тешко да најде работа во Германија, поради што се пресели во Турција за да му се приклучи на Бешикташ. Работеше во Австрија Виена и Фенербахче пред да се врати во Келн. На крајот на кариерата ја водеше романската репрезентација, а последните осум години од животот се повлече од фудбалот.