Потпис што ги разочара многумина: Најбараниот напаѓач останува соиграч на Елмас

by Стефан
1 минути читање

Бенџамин Шешко беше мета на неколку европски гиганти, но на крајот тој ќе остане во редовите на Лајпциг.

Германскиот тим утрово објави дека го продолжиле договорот со Шешко за дополнителна една година, односно до 2029 година.

„Имав одлична прва година во Лајпциг и навистин сум среќен што сум тука. Тимот, градот, навивачите…се вкупно е фантастично за мене. Затоа продолжувањето на договорот го гледав како логичен чекор. Среќен сум за моите настапи, посебно во вториот дел од сезоната. Имаме тим со голем потенцијал со баланс на младост и искуство“, изјави Шешко по потписот на договорот.

21-годишниот напаѓач во изминатата сезона постигна 18 гола на 42 натпревари во сите натпреварувања, а стана и најмладиот стрелец во историјата на Лајпциг во Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани