Потер има 200.000 причини неделно да не прифати да ја води Англија

by 24 фудбал
1 минути читање

Грем Потер веројатно е најплатениот човек кој всушност е без работа во моментов. Поранешниот тренер на Челси доби отказ во април 2023 година, но и натаму е на платниот список на „сините“.

Договорот на Потер е и натаму валиден, а поради тоа тој редовно си добива плата од Челси. Дури, неговите примања се навистина вртоглави, бидејќи добива 200.000 фунти неделно. Тоа носи плата повисока од 11 милиони фунти на годишно ниво, со што е меѓу најплатените тренери на светот – а воопшто не е вработен.

Грем Потер е една од првите опции на Фудбалскиот сојуз на Англија за да ја преземе клупаат на репрезентацијата по заминувањето на Герет Саутгејт. Доколку добие и ја прифати понудата од Англичаните, Челси би бил слободен од обврските да го исплаќа Потер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани