Герет Саутгејт поднесе оставка од клупата на англиската репрезентација откако вторпат во низа изгуби во финале на Европско првенство.
Во британските медиуми се шпекулира за можните наследници, па така се појави и имињата на Сарина Вигман. Вигман е селекторка на женската репрезентација на Англија, а пристигна од репрезентацијата на Холандија во 2021 година.
Со Англија Вигман беше втора на Светското првенство зад Шпанија. Една година претходно го освои Европското првенство. ФИФА четири пати ја прогласи најдобра тренерка во светот.
Денеска новинарите ја запрашаа како се чувствува поради поврзувањата со клупата на машката селекција.
„Тоа е навистина непримерно прашање. Разочарана сум што Саутгејт замина. Герет ми се допаѓа као човек и како тренер. Мислам дека е навистина инспиративно тоа што го направи со Англија“, изјави Вигман.