172
Фудбалерите на Шпанија го добија финалето на Европското првенство, откако со 2-1 ја совладаа Англија во Берлин.
Еден од клучните потези на натпреварот, ако не и најважниот го имаше Дани Олмо. Офанзивецот на РБ Лајпциг ја спаси шпанската репрезентација и тоа од чист гол на гол-линијата.
Палмер изведе корнер, прв со глава биеше Рајс, а Симон одбрани. Одбиената топка дојде до Гуеи кој со глава пак шутна, но на линијата присебен беше Олмо и имаше реакција вредна титула.