Преодниот рок во Турција трае до 13 септември, а гигантот Галатасарај по Виктор Осимен посакува уште една трансфер бомба.
Галата е заинтересиран за да го доведе Касемиро од Манчестер Јунајтед. Бразилскиот фудбалер е многу критикуван, делува дека не е на нивото кое е потребно во Премиер лигата и можеби трансфер во Турција би бил добар за неговата кариера. И покрај бројните критики, сепак Касемиро не сака да замине од Јунајтед, барем не ова лето.
Проблем за Галатасарај претставува огромната плата на бразилскиот дефанзивен играч за врска.
Токму неделните примања од 375.000 фунти се една од главните причини поради кои Касемиро не сака да си оди од Манчестер. Тој годишно добива околу 20 милиони фунти, а тоа е плата која што не може да ја добие никаде на светот, дури можеби ниту во Саудиска Арабија.