120
Хрватскиот фудбалер, Иван Перишиќ ќе ја засили екипата на ПСВ, објави италијанскиот експерт за трансфери Фабрицио Романо.
Како и што се најавуваше Перишиќ по кратката епизода во Хајдук ќе игра во ПСВ кој го избра како најдобра опција. Преговараше Хрватот и со уште неколку клубови, меѓутоа на крајот се одлучи за холандскиот гигант.
Зад себе Перишиќ има богато искуство со играње во: Тотнем, Интер, Баерн Минхен, Волфсбург, Борусија Дортмунд, Сошо и Клуб Бриж.
Во ПСВ пристигнува на 35 години, а како еден од пресудните фактори да го избере овој клуб веројатно е играњето во Лигата на шампионите.