Легендарниот Руд Ван Нистерлој ќе биде помошник на Ерик Тен Хаг во Манчестер Јунајтед.
Славниот напаѓач се враќа во клубот каде што блескаше како играч. Ван Нистерлој го носеше дресот на Манчестер Јунајтед од 2001 до 2006 година и во тој период постигна 150 голови на 219 натпревари.
По играњето за Манчестер Јунајтед се пресели во Реал Мадрид, а играше уште во ХСВ, Малага, ПСВ, Херневен и Ден Бош.
Во тренерската кариера ги водеше вториот и сениорскиот тим на ПСВ. Како тренер со ПСВ го освои Купот и Суперкупот. Вкупно на клупата на ПСВ беше 51 натпревар во кои оствари 33 победи, десет реми и осум порази.
Како што пренесуваат медиуми, Ван Нистерлој имал понуди и да работи како самостоен тренер, но неговата желба била да се врати на „Олд Трафорд“.