Посебна кореографија за денот кога Звезда стана светски првак, Панчев во прв план! (ФОТО)

by 24 фудбал
1 минути читање

По повод годишнината од денот кога Црвена Звезда стана светски клупски првак, ден порано навивачите решија да направат шоу.

Црвена Звезда играше со Текстилац во домашното првенство, а „Делии“ на трибините направија вистинско шоу. Тие освен многу огномет истакнаа и голема фотографија од Дарко Панчев со трофејот освоен во Токио.

Тогаш Звезда со 3-0 го совлада чилеанскиот Коло Коло, Панчев беше еден од стрелците и потоа заедно со Илија Најдовски го кренаа трофејот во тогашниот Интерконтинентален куп.

„Делии“ освен фотографијата од Панчев и огнометот истакнаа и порака: „Пееше цела планета, дека нашата Звезда е светски првак“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани