Репрезентацијата на Португалија си го обезбеди своето место во осминафиналето откако денеска со 3:0 ја совлада Турција во натпреварот во Дортмунд.
Селекторот Винченцо Монтела ја изненади јавноста откако направи пет измени во однос на стартниот состав против
Грузија, а на клупата го остави Арда Ѓулер. Очигледно планот на Италијанецот беше денес да игра дефанзивно, но Турција со толку промени денеска изгледаше многу полошо од првото коло кога победи со 3:1.
Португалија до водство стигна по само 20-тина минути игра кога мрежата на Турците ја погоди Бернардо Силва. Седум минути подоцна Португалија дојде и до 2:0. Акајдин во таа ситуација си го постигна најбизарниот автогол досега на првенството.
Продолжи Португалија со нападите и по сигурното водство, додека Турција тешко доаѓаше до прилика да се закани.
Не се промени многу ситуацијата на теренот и во второто полувреме. Конечните 3:0 беа поставени во 56. минута, стрелаше Бруно Фернандеш на асистенција на Роналдо.