99
Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ наскоро би можел да влезе во боксерскиот ринг најави Мамс Тејлор кој се занимава со договорање на борби помеѓу познатите ѕвезди.
Покрај Швеѓанецот тој го спомена и името на легендата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни.
„Се обидов да го убедам Златан да боксува. Добар пријател сум со неговиот менаџер и разговаравме на видео повик сите тројца. Тој го следи боксот и би било интересно да го видиме во рингот. Разговори водевме и со Вејн Руни. Мислам дека е само прашање на време кога ваквите идеи ќе се реализираат“, изјави Тејлор.
Инаку, Тејлор работи за организацијата „Мisfilis Boxing“ која е во сопственост на јутјуберот „KSI“.