Поранешен шпански репрезентативец осуден на затворска казна

by Стефан
1 минути читање

Франческо Хавиер Де Педро (50) своевремено беше важен играч на Реал Сосиедад. Поранешниот играч за врска играше на баскискиот клуб од 1989 до 2004 година и стана еден од најважните во тимот.

Дресот на Шпанија го носеше на 12 натпревари во кои постигна три гола, а се пензионираше како играч на нисколигашот Бургос. Сепак, во животот по фудбалската кариера не се снајде баш најдобро.

Тој од вчера се наоѓа во затвор каде што ќе помине девет месеци поради семејно насилство. Де Педро бил уапсен во неговото место во гостилница каде што работел како скараџија. Судот во Сан Себастијан издал налог за негово апсење и претрес во просториите кои ги користел поради пресуда за злоставување на женско лице.

Полицијата го следела неколку недели бидејќи ги менувал адресите за да избегне апсење. Во понеделникот против него била поднесена нова пријава. Жртвата поради агресивниот напад морала да оди на операцијата на рацете.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани