Поранешен стопер на Рома заигра за матичниот клуб во четврта лига како напаѓач и даде пет гола!

by 24 фудбал
1 минути читање

Приказната за Костас Манолас го обиколи фудбалскиот свет. 33-годишникот кој своевремено настапуваше за екипата на Рома каде што најмногу се истакна се врати во матичниот клуб Панаксиакос и настапува пак во четвртиот ранг на фудбалот во Грција.

Манолас минатата година беше дел од Салернитана, претходно играше и за Олимпијакос, Шарјах од ОАЕ, Наполи, АЕК…

Своевремено беше стандарден репрезентативец на Грција и еден од најдобрите балкански стопер, а сега реши да направи голема промена. Манолас во матичниот клуб се врати по 17 години, но заигра на позицијата напаѓач.

Второто деби за Панаксиакос беше навистина одлично за Манолас, бидејќи неговиот тим го победи Марписаикос со 12-1, а тој играше како шпиц и даде пет погодоци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани