Не стивнуваат најавите за потенцијално „братско“ реми на Романија и Словачка во последното коло на Европското првенство.
Со нерешен резултат двете репрезентации ќе се пласираат во осминафиналето на турнирот. Поради тоа се зголемуваат најавите дека овие две селекции нема да играат со огромен интензитет, а паѓаат и коефициентите на „икс“. За оваа тема зборуваше и поранешниот романски фудбалер Данут Лулу кој тврди дека резултатот е договорен.
„Ќе се квалификуваме понатаму, ќе одиграме реми со Словачка. Сè е договорено, би било штета и едните и другите да не минеме понатаму. Зошто да ризикуваме? на тоа ниво играчите одлично се сложуваат. Зошто да дојде до несреќа и едниот тим да не мине понатаму?“, нагласи Лупу.
По две кола сите три репрезентации имаат по три бода во пресрет на клучните битки.