Репрезентацијата на Србија со вчерашното реми против Данска беше елиминирана од Европското првенство, а тоа донесе големо разочарување кај српските фанови.
Мечот против Данска е предмет на многу анализи и една ситуација посебно се истакнува.
Српскиот напаѓач, Александар Митровиќ беше повлечен во шеснаесетникот, но ниту судијата, ниту ВАР не реагираа.
На оваа тема се огласи поранешниот судија со знакот на ФИФА, Мануел Грефе. Тој смета дека е грешка што Србија во оваа ситуација не добила најстрога казна.
„Чист пенал во групата Ц. Појасно од ова не можете да соборите играч. Зошто ВАР не реагираше, посебно затоа што ова ја реши судбинатан а Србија и со право се разочарани како што беа по Мундијалот во 2018 година“, објави поранешниот судија.