144
Француската фудбалска ѕвезда Килиан Мбапе нема да патува со Реал Мадрид на турнејата која е закажана во Соединетите Американски Држави.
Новата „деветка“ на „кралскиот“ клуб по консултација со лекарскиот тим одлучи да не оди со тимот на американските натпревари. Причината е повредата која Мбапе ја доби на Европското првенство. Уште во првото коло и мечот со Австрија тој доби скршеница на носот, а со доста мака се врати да игра на турнирот.
Се зборуваше дека Мбапе треба да оди на операција, меѓутоа сега лекарите сакаат добро да испитаат дали е потребен зафат. Поради тоа Французинот ќе го пропушти патувањето во САД.