Германија во следниот месец ќе биде домаќин на Европското првенство во фудбал. Веќе почнаа да се полнат градовите домаќини со странски навивачи, а тоа значи и почеток на „главоболките“ на организаторите. На првите обраќања пред јавноста зборуваше и министерката за внатрешни работи Ненси Фаесер која го откри најголемиот страв.
„Нашиот фокус пред сè е заканата од исламистичкиот тероризам. Нашата држава ги има на нишан исламистите кои може да нападнат. Тука се и хулиганите и нивните прекршоци. Може да има секојдневни криминални дејствија и насилство, како и сајбер напади“, прокоментира министерката.
Исламската држава веќе повика на напади на Европското првенство, па тоа предизвика претпазливост кај германските власти.
Споерд најавите дури 2,7 милиони луѓе ќе циркулираат на стадионите во текот на цел турнир, а околу 12 милиони ќе минат низ фан зоните. За одржување на редот се најавува ангажман на преку 22.000 полицајци секој ден од почетокот до крајот на турнирот.