Полицијата на нозе, Израел доаѓа во Париз и се стравува од инциденти

by 24 фудбал
1 минути читање

Француската полиција, односно онаа во Париз одново ќе биде на сериозен тест по организацијата на Олимписките игри ова лето.

Иако нема да има спортски настан од тие размери, сепак постојат сериозни ризици при гостувањето на Израел кај Франција во рамките на 5. коло на Лигата на нациите. Натпреварот се игра на 14 ноември, а полицијата веќе се мобилизира и се стравува од инциденти.

Како што е познато, во Франција живеат многу муслимански жители, а има и огромен број на Палестинци. Поради тоа се стравува од скандал и инциденти за време на престојот на Израелците во „градот на светлината“.

Натпреварот меѓу Франција и Израел е прогласен за средба од висок ризик. Поради тоа се очекува целосна мобилизација на полицијата и строги протоколи на движење на спортистите, но и навивачите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани