169
Англиските медиуми пишуваат дека репрезентацијата наскоро ќе добие нов селектор, иако Герет Саутгејт требаше да остане на кормилото без разлика на резултатот во финалето на Европското првенство (ЕП).
Раководството на ФА подлегнало на притисокот од јавноста и одлучило да му врачи отказ на Саутгејт, тоа треба да се случи во наредните денови.
Како фаворит за негов наследник се посочува тренерот на Њукасл, Еди Хау.
Дел од јавноста сака ФА да се обиде да го донесе Јирген Клоп за селектор, но нејасно е дали Германецот би прифатил со оглед на тоа што рече дека сака да одмори една сезона.