Aнглиските медиуми денеска објавија дека Ерик Тен Хаг ќе остане тренер на Манчестер Јунајтед и во наредната сезона, а сега се открива и зошто раководството на „црвените ѓаволи“ донело таква одлука.
Сер Џим Ретклиф бирал помеѓу Томас Тухел од една страна и Ерик Тен Хаг од друга. На крај се одлучил за холандскиот стратег.
Сопственикот на Манчестер Јунајтед бил на состанок со Тухел, но на крајот не се договориле. Очигледно германскиот стратег имал свои услови кои клубот од „Олд Трафорд“ не сакал или не бил во можност да му ги исполни.
Тухел барал поголема плата од онаа која сега ја добива Тен Хаг, а тука е и оштетата која Јунајтед ќе требаше да му ја палти на Холанѓанецот за предвремен раскин на договорот.
Ретклиф не сакал уште еден финансиски удар за клубот, па затоа одлучил да му даде шанса на Тен Хаг и во новата сезона. Дали тоа ќе се покаже како исправен потег останува времето да покаже.