Познато кога Мота ќе биде претставен во Јувентус, откриени и детали од договорот

by Стефан
1 минути читање

Тијаго Мота ќе биде новиот тренер на Јувентус и ова се најавува веќе подолго време, а сега се објавуваат детали.

Италијанскиот новинар Фабрицио Романо објави дека Мота во вторник или среда официјално ќе биде потврден како нов тренер на клубот од Торино.

Со „старата дама“ Мота ќе потпише договор до јуни 2027 година. На клупата на Јувентус, Мота доаѓа по одличната сезона која ја имаше со Болоња и за него водењето на Јувентус ќе биде најголемиот предизвик во неговата кариера.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани