Познато кога Барселона се враќа на „Камп Ноу“?

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Барселона денеска се огласи по повод потенцијалното враќање на „Камп Ноу“.

Како што е познато веќе година ипол најголемиот стадион во Европа е во реконструкција и ќе биде еден од најубаите на стариот континент.

Првобитиот план беше Барселона да се врати на „Камп Ноу“ на 29 ноември на прославата на 125. роденден, но такво нешто не се случи.

Враќањето е поместено за јануари, а Барса сега потврди дека натпреварите со Валенсија и Алавес на 26 јануари и 2 февруари ќе ги игра на „Монжуик“. На официјалниот профил Барселона потврди дека последниот натпревар од групната фаза ќе се игра на „Монжуик“ поради правилата на УЕФА да не се менува домаќинството пред крајот на групната фаза.

Иако Барселона не потврди кога точно ќе се врати, медиумите започнаа да шпекулираат дека тоа може да биде на 15 или 16 февруари во натпреварот против Рајо Ваљекано.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани