Познати се деталите за трансферот на Мората во Милан!

by riste
1 минути читање

Трансферот на Алваро Мората од Атлетико Мадрид во Милан е завршена работа, остануваат формалностите по што тој ќе биде официјализиран.

Во меѓувреме италијанските медиуми ги откриваат деталите за трансферот.

Мората ќе потпише четиригодишен договор со Милан со можност за продолжување на уште една сезона.

Неговата плата ќе биде 5,5 милиони евра годишно вклучително и бонуси.

Милан за овој трансфер на Атлетико Мадрид ќе му плати 13 милиони евра кои ќе бидат исплатени на рати.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани